понеделник, 21 октомври 2024

Еден од повредените во сообраќајката кај Кадрифаково пренесен во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четворица од патниците. Како дошло до судир меѓу возилата тојата „ленд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички сѐ уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата тојата „ленд крузер“ со кочански регистерски таблички управувано од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се повредени.

Возилото шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички е управувно од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало 12-годишно момче, кои се повредени, а во ова возило биле и трите жртви на возраст од 15, 37 и 62 години.

15-годишното девојче и 62-годишната жена починале на самото место, а 37-годишната жена на пат кон штипската Клиничка болница. Лекарите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно, пред вратата на болницата им подлегнала на повредите.

Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи, а третиот кој е со тешки телесни повреди, по направените компјутерски снимања е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата и обвинител вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ