Иако претходно беше најавено дека Васоски добива суспензија од еден месец, таквата информација не беше точна, тренерот на Силекс ќе паузира само еден натпревар. Со еден меч суспензија е казнет и фудбалерот на кратовскиот тим, Илија Донов.
Исто така по еден меч ќе паузираат Бесмир Даци од Шкупи и Костадин Чешмеџиев од Башкими. Два натпревари суспензија добија Мартин Ѓоргиевски од Брера, како и тренерите од ВМФЛ Блаже Јанакиевски на Башкими и Љупчо Симовски од Осового.
Спроведена е постапка кон Вардар поради однесувањето на навивачите и фрлањето на пиротехника во терен на мечот со Силекс во Кратово. Слична постапка ќе се води и против Башкими за мечот со Охрид.
Вардар официјално не водеше навивачи во Кратово, се огради од нивно присуство пред мечот, па тие во своја режија отпатуваа со дозвола од домаќинот, но и покрај тоа ФФМ покренува постапка против клубот.