среда, 12 март 2025

Еден дебитант на списокот на Милевски за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари за Европското првенство против Лихтенштајн и Велс, единствено ново лице е напаѓачот Лука Станковски.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија почнува нов квалификациски циклус, играме за пласман на Европското првенство, а почнуваме со меч против Лихтенштајн во гости на 22. март, три дена подоцна го пречекуваме Велс на Арената „Тодор Проески“.

„Списокот е тој што го заврши циклусот во Лигата на нации, дебитант е единствено Лука Станковски кој игра во одлична форма во српското првенство и ќе ни се приклучи за одблиску да го видиме неговиот потенцијал“, вели Милевски.

„Имавме успешни Лига на нации позади нас, последните квалификации за СП ни беа успешни, стигнавме до бараж, се надевам дека ќе имаме успешен циклус и за ЕП 2026. Пред нас се два натпревари со сериозни репрезентации, со Лихтенштајн кој ја има нашата почит, денеска нема лесни противници и сиот фокус е на овој натпревар. Три дена подоцна не очекува Велс кој на последните СП и ЕП е редовен учесник, тоа е многу сериозен предизвик за нас“.

„Секој натпревар е приказна за себе, за секој меч се подготвуваме посебно, секогаш влегуваме да извлечеме максимум, победа и три бода, но што ќе се случува на самите натпревари никој не може да предвиди. Нашата филозофија е на секој меч да извлечеме максимум од него, а што ќе ни донесе тоа на овие два натпревари ќе видиме“.

„Имавме најтешка година според статусот на репрезентативците во нивните клубови, па промените кои се случија се позитивни. Ме радува промената на статусот со промената на клубовите на дел од репрезентативците. Тоа ќе биде позитивна и во енергијата која ќе ја донесат со себе“.

„Добро е што јавноста има големо очекување од нас, тоа ни влијае дополнително на мотивацијата. Не би рекол дека само последното издание од Лига на нации ни донесе позитивна атмосфера, туку и претходно Македонија покажа одлична игра со исклучок на дуелот во Манчестер“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ