вторник, 25 февруари 2025

ДЗР: Отсуството на инспекциски надзор ја намалува ефективноста на контролите во студентските домови

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави извештајот за извршена изврши на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државниот просветен инспекторат за 2023 година и за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики и изразено е неповолно мислење. Со извршената ревизија утврдени се слабости и недоследности во спроведувањето на инспекцискиот надзор што влијае на ефективноста и законитоста на контролите во студентските домови и воспитно-образовните установи.

Објавено на

часот

Сподели

Соизвршенатаревизијаутврденисеслабостивоспроведувањетонаинспекцискиотнадзор востудентскитедомови ивоспитно-образовните установи, што резултира со недоволна контрола врз процесите процеситенаприем,сместувањеи евидентирање на студентите, како и со намалена ефикасност во оценувањето на кавлитетот на образовните институции.  квалитетотнаобразовните институции. Недостиготнаредовниивонредниинспекции,кадровскитеслабостииотсуствонаимплементација на препораките од претходните ревизии создаваат ризик за несоодветно функционирањеинеисполнувањеназаконските обврски, се наведува во извештајот на ДЗР.
Со извршената ревизија, велат од ДЗР, утврдени се слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и воспитно-образовните установи, што резултира со недоволна контрола врз процесите процесите на прием, сместување и евидентирање на студентите, како и со намалена ефикасност во оценувањето на квалитетот на образовните институции.
„Недостигот на редовни и вонредни инспекции, кадровските слабости и отсуство на имплементација на препораките од претходните ревизии создаваат ризик за несоодветно функционирање и неисполнување на законските обврски“, се наведува во извештајот на ДЗР.
Исто така, ревизијата утврдила дека инспекциски надзор не бил извршен ниту во 2024 година, што укажува на непостапување според препораките на овластениот државен ревизор, утврденово Конечниот извештај од ревизијата на успешноста на Државниот завод за ревизија, на тема „Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови“.

 

Според извештајот на ДЗР, во 2023 година, планирани биле вкупно 7.691 инспекциски надзори, од кои биле извршени 4.446, или 58 отсто од планираното.

„Од друга страна ДПИ располага со 138 систематизирани работни места, 100 се пополнети, што значи дека една третина од потребниот кадар не е пополнета. Најизразен недостаток има во секторот за инспекциски надзор и оценување на квалитетот, каде што недостасуваат просветни инспектори, што ја отежнува реализацијата на основната дејност, а посебно за подрачјето на општините Охрид, Гостивар, Кавадарци и Ресен, поради пензионирање на просветните инспектори. Исто така, дел од нововработените инспектори не ја завршиле неопходната обука, што носи ризик за грешки и слабости во работењето. Заедно со недостигот на техничко-административен кадар, овие проблеми ја нарушуваат ефикасноста на инспекцискиот надзор и ја отежуваат неговата целосна примена“, велат од ДЗР.

Законот за просветна инспекција ја регулира постапката за вршење на инспекциски надзор, при што еден од методите е интегралната евалуација на воспитно-образовните установи. ДЗР утврдил дека дел од основните и средните училишта не се опфатени со интегралната евалуација секоја трета учебна година, како што предвидува законот.

„Причините за оваа состојба се пандемијата со Ковид-19 во претходниот период, како и недостатокот на кадар, предизвикан од постојаниот одлив на просветни инспектори поради пензионирање или други причини. Ваквата состојба влијае на организацијата и реализацијата на наставата, условите во воспитно-образовните установи, како и на исполнувањето и вреднувањето на работните задачи на наставниците и стручните соработници“, се наведува во извештајот на ДЗР.

Во него уште се наведува дека во текот на 2023 година, Државниот просветен инспекторат, имајќи ја во предвид природата на својата дејност и дисперзираноста на субјектите под инспекциски надзор, располагал со пет  службени возила во возна состојба. Поради недостигот на моторни возила и со цел да се зголеми функционалноста на институцијата бил донесен правилник за надоместок на патни трошоци при користење на сопствени возила за службени потреби, и по овој основ биле исплатени надоместоци  за патни трошоци во вкупен износ од 1.021 илјади денари.

„Со извршената ревизија утврдени се неправилности кои влијаат на законскиот начин на користење на средствата за службените и сопствените возила за службени цели. Имено, најголем дел од патните трошоци се исплатени за дестинации на кои постои организиран автобуски превоз, бројни патни налози не се уредно пополнети, не се архивирани, недостасуваат податоци за изминати километри, а истите не се одобрени од непосредните претпоставени и не се изготвуваат писмени налози за користење службените возила. Исто така, со ревизијата се истакнува дека Државниот просветен инспекторат се  соочува и со несоодветни услови за работа, недостаток на современа софтверска и ИТ опрема (харверд и софтвер)“, констатирале ревизорите.

Ревизијата утврдила слабости и во финансиското управување, вклучувајќи неусогласеност на сметкводствената евиденција со фактичката состојба, неправилности во евидентирањето на обврските кон добавувачите и расходи без соодветна документација, дополнително потенцирајќи го отсуството на ефективни внатрешни контроли.

Од ДЗР велат дека за утврдените состојби ревизијата дала препораки, чија имплементација би обезбедила надминување на истите.

Согласно законските одредби Државниот просветен инспекторат има обврска да врши инспекциски надзор најмалку еднаш годишно во студентските домови и да достави извештај доМинистерството за образование и наука и Владата во рок од 60 дена по завршувањето на сместувањето на студентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ