Џенова под водство на Патрик Виеира одигра одличен меч и заслужено дојде до бодовите.
Бадељ на самиот почеток од првиот дел донесе водство за Џенова, а осум минути подоцна Еспозито промаши пенал за израмнување.
Во 68. минута Екубан даде гол за зголемено водство за Џенова од 2-0, шест минути подоцна Еспозито погоди за 2-1 и поинтересен финиш на мечот, но тоа беше и конечниот резултат.
Монца која во меѓувреме го отпушти Неста, забележа уште еден пораз, овојпат загуби со 2-1 на гостувањето кај Парма.
И тука сите голови беа постигнати во второто полувреме. Ернанди во 56. минута донесе водство за Парма, а Переира во 85. минута израмни на 1-1.
Се чинеше дека Монца ќе дојде до бод, но Валенти во 98. минута постигна гол за победа на Парма од 2-1.