понеделник, 30 декември 2024

Џефри Сакс: САД со децении не ја сфаќаат Русија сериозно

Соединетите Американски Држави со децении не ги сфаќаа сериозно легитимните безбедносни интереси на Русија, но сега двете страни треба да ја обноват контролата над нуклеарното вооружување врз основа на принципот на меѓусебно почитување, безбедноста и нуклеарното вооружување, изјави познатиот американски економист и професор на универзитетот Колумбија Џефри Сакс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, ако американските власти отворено објават дека ќе ги прекинат понатамошните обиди за проширување на НАТО на Украина и Грузија, тоа би можело да го намали нивото на тензиите во односите со Москва.

Како што забележува Сакс, Вашингтон ќе мора да изјави дека ќе ја поддржи колективната безбедност на Украина, Русија и другите земји на принципите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и Повелбата на Обединетите нации.

Сакс оцени и дека американскиот претседател Џо Бајден ја изгубил целосната контрола над управувањето на државата поради влошеното ментално здравје, како и поради статусот на претседател во заминување.

Според него, Соединетите Американски Држави поради тоа се наоѓаат во состојба на „опасен крах“ во управувањето со земјата, а оние кои во Вашингтон ги сметаат за сојузници се обидуваат тоа да го искористат.

Тој укажа на украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но ги наведе и примерите на Британија, Полска и балтичките земји, кои ги вовлекуваат САД во непромислени акции кои се закануваат со трета светска војна.

Како што објасни, САД ги поддржуваат акциите на Израел на Блискиот Исток и продолжуваат да ја водат политиката во Украина која ја исцрпува земјата и истовремено се заканува да предизвика уште поголема ескалација.

Економистот напоменува дека смета дека е малку веројатно дека Бајден ќе може да ги врати САД на „добар пат“ за време на остатокот од мандатот кој му истекува.

Според него, нема ни гаранции дека ситуацијата ќе се поправи со доаѓањето на новата претседателска администрација.

„Се надевам дека следната влада ќе биде разумна, бидејќи ни е потребна сосема нова надворешна политика заснована на преговори, меѓусебно почитување со другите големи сили и мир. Не сметам дека во врвот на САД во моментов има многу разумни луѓе“, оцени Сакс.

Зборувајќи за Блискиот Исток, американскиот професор кажа дека начинот за решавање на кризата е очигледен, но дека и понатаму го блокира моќното израелско лоби во Америка. Според него, мир на Блискиот Исток ќе биде можен ако САД престанат да го блокираат членството на Палестина во ОН и почнат да соработуваат со другите постојани членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја Русија, на спроведување на решение за палестинско-израелскиот конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ