Сакс е американски универзитетски професор и водечки економист познат по работата на глобалниот економски развој, намалувањето на сиромаштијата и одржливиот развој. Тој советувал влади и меѓународни организации и одигра клучна улога во кризи во Јужна Америка, Источна Европа, Африка и земјите од поранешна Југославија, особено во Словенија.
„На Европа ѝ треба надворешна политика. Вистинска“, кажа тој. „Не политика „Да, ќе преговараме со Трамп и ќе се сретнеме на половина пат“. Ве молам, немојте да имате американски функционери на челото на Европа. Имајте европски функционери“.
Тој истакна дека ЕУ и НАТО мора подобро да ги разликуваат своите улоги во светската арена. „Со сета почит кон Брисел, преместете го седиштето на НАТО на друго место. ЕУ и НАТО се сосема различни нешта и нивното мешање е смртоносно. Тоа се две различни работи. Европа е многу подобра од НАТО. Според моето мислење, НАТО повеќе не ви е потребно“.
„Јас сакав да се укине во 1991 година. Но, бидејќи Соединетите Американски Држави го гледаат НАТО како инструмент на хегемонијата, тоа продолжи да постои. Но таа забуна меѓу ЕУ и НАТО е смртоносна. Бидејќи проширувањето на Европа значеше проширување на НАТО. Точка“
Сакс истакна дека тој би го укинал НАТО и на местото на Европа би вложувал во својата безбедност.
„Јас би го укинал НАТО, а можеби тоа ќе го направи (американскиот претседател Доналд) Трамп. Можеби Трамп ќе изврши инвазија на Гренланд. Кој знае? Тогаш навистина ќе дознаете што значи НАТО. Значи, мислам дека Европа треба да вложува во сојата безбедност“, кажа тој.
Според него, НАТО е алатка на американската експанзија, додека ЕУ ги претставува климатските промени и еднаквоста – двете прашања кои американската влада ги отфрли.
Што се однесува до повикот на американскиот претседател Трамп членките на НАТО да го зголемат военото трошење на 5 отсто од БДП, наместо договорените 2 отсто, Сакс кажа дека таа бројка е „смешна и апсурдна“.
„Пет отсто е апсурдно, смешно, целосно апсурдно. Никој не треба да троши толкаво количество. Два до три отсто од БДП, веројатно под актуелните околности. Она што јас би го направил, патем кажано, е купување европски производи. Бидејќи, што е чудно, но за жал во овој свет тоа е вистината, дека многу технолошки иновации доаѓаат од воениот сектор бидејќи владите вложуваат во воениот сектор“.
Тој го нарече Трамп „трговец со оружје“ и смета дека зголемувањето на трошењето им служи само на американските интереси. Тој го повика економскиот блок да се насочи на „обединета европска безбедносна структура“ наместо НАТО и да вложува во европско производство на оружје, трошејќи меѓу 2 и3 отсто од БДП, имајќи ја предвид „актуелната ситуација“.
Сакс ја критикува, како што ја нарекува, експанзионистичката надворешна политика на САД од падот на СССР во 1991 година и цврсто верува дека САД управуваат со светот и не земаат предвид алтернативи додека обезбедуваат глобална доминација. Европа секогаш ја следела американската доктрина, со исклучок на одделни земји кои се спротивставија на инвазијата на Ирак во 2003 година. „Тао беше последниот пат кога Европа имаше глас“, оцени Сакс.
Стратегијата на Трамп кон Украина, односно решителноста војната да се заврши со преговори со Русија, покажува колку американската надворешна политика може да се смени. Тоа беше политиката до средата наутро. Сега веќе не знаеме дали ќе продолжи“.
Сакс верува дека Трамп ќе ја прекине војната „затоа што не сака да биде губитник“, а не од морални причини, поради жртвите и насилството. „Украина ќе биде спасена со актуелните преговори. Тоа важи и за Европа“, кажа тој.
Бидете неутрални, не ги слушајте Американците. Ја повторив познатата изрека на Хенри Кисинџер: да се биде непријател на САД е опасно, но да се биде нивен пријател е погубно. Дозволете тоа да го повторам за Европа. Да се биде непријател на САД е опасно, но да се биде пријател е фатално.
Сега ќе кажам неколку убави зборови за Трамп. Трамп не сака да биде губитник. Поради тоа е веројатно дека оваа војна ќе заврши бидејќи Трамп и (рускиот претседател Владимир) Путин ќе се согласат да заврши војната. Ако Европа продолжи со своето воинствено однесување, тоа не е важно. Војната завршува. Исфрлете го тоа од својот систем. Ве молам, кажете им на своите колеги. Готово е. И готово е затоа што Трамп не сака да биде губитник“, заклучи Сакс.