недела, 22 декември 2024
Поранешниот спикер демантира

Џафери: Небулози кажа Томовски, зарем би влегол во набрзина склопен авион?

Пратеникот Талат Џафери ја демантира како небулозна изјавата на Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи кој за ТВ21 изнесе тврдење дека како претседател на Собранието Џафери во една прилика поради патување, побарал владиниот авион кој бил на сервисирање, веднаш да се склопи и донесе од САД. Томовски уште изјави дека Џафери се заканил дека ако авинот не биде подготвен за него дека „ќе се распадне коалицијата“. „Кој самиот себе ќе се стави во опасност да лета со несервисиран авион, а и да доведе во опасност и други луѓе“, вели Џафери во демантот.

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинението од Томовски е небулозно, за дневно-политички цели. На 25 октомври 2019 година службите информираат дека не се во можност да го направат соодветниот лет со барањето што го направивме. Врз основа на тие информации, службите на конвенцијата се обврзуваат да бараат комерцијален лет за дадениот датум. На 25 октомври службите го прават истражувањето за комерцијални патувања, анализирајќи ги цените на неисплатливите летови. Дополнителната одлука е да се патува со службени автомобили. Во меѓувреме, службите информираат дека авионот се вратил и дека летот може да се изврши на 3 ноември. Врз основа на тоа, презедов мерки официјално да ги известам МНР, МВР и Амбасадата во Белград, дека патувањето со службени автомобили нема да биде извршено поради тоа што во меѓувреме е поднесено барање до институциите надлежни органи на Србија за обезбедување придружба при транзит на територијата на Србија и врз основа на тоа е одлучено дека на 3 ноември ќе се патува со службен авион“, вели Џафери за ТВ21.

Џафери нагласува дека тој самиот не ни требало да знае каде се наоѓа авионот, ниту пак инсистирал по секоја цена авионот да биде за него достапен.

„Најголемата небулоза е тоа што се тврди дека на мое барање, од наводни коалициски причини, е инсистирано по секоја цена авионот да се врати и да се користи. Кој е тој човек што ќе се стави најпрво себе си во опасност, знаејќи дека авионот не е во употреба, а потоа да ги изложи на ризик и сите други? Кој е тој пилот кој би се решил да изврши таква наредба, ако знае дека авионот не е подготвен за лет?“, изјави Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ