четврток, 26 декември 2024

Движење Беса: Техничкиот Ајнштајн и во СВР Тетово фатен како навредува луѓе

Технички премиер, техничкиот „Ајнштајн“ вчера технички се појави во полициските канцеларии во Тетово и беше фатен во камера како навредува луѓе и како навредува вработени, како што беше фатен во Собранието, фатен во Влада или како што беше фатен секаде каде што се појауваше, рече на прес-конференција на Движењето Беса, Блерим Сејдиу, потпреседател на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Техничкиот премиер, вчера дојде во посета на полицијата во Тетово, наводно за да ги провери процедурите за издавање на лични документи. Тој ги критикуваше вработените за хаосот создаден пред шалтерите, но заборави дека токму тој и неговата партија се одговорни за ова малтретирање на граѓаните на Тетово и околината.

Талат вчера со своја уста ни докажа колку лошо живее албанскиот народ, самиот сведочеше дека во институциите каде ‘шефови’ се членови на ДУИ, тие институции пропаднале. Талат вчера, неговиот и неуспехот на неговата партија, ги сврте кон државните службеници, заборавајќи дека тие институции се водени од кадри на ДУИ.

Господине Талат, проблемот со институциите не се решава со емоции и извици, туку со правни и менаџерски решенија, но откако така се претставивте, тогаш моравте да отидете и да ги отворите канцелариите на шефовите и функционерите кои вие ги поставивте да бидат над тие службеници и да ги разрешите веднаш од утре, заедно со себе си.

Институциите со кои управувате вие се разурнаа и не функционираат, разберете дека проблемот не е во службениците, туку во вас. Само кога ќе ве снема од институциите, само тогаш ќе имаме функционални институции.

Со проблемите што ги создадовте, ги оставивте граѓаните сами да се соочат со кризите, не знаејќи како да им помогнете. Со проблемите на лошото менаџирање на вашите кадри, денеска граѓаните се наоѓаат во оваа состојба. За жал, Демократската унија за интеграција не интегрираше ниту една институција која до сега ја управуваше, туку деградираше секоја општествена вредност и ја згасна надежта на секој Албанец. Тој и неговата партија наместо да ги зголемуваат платите на државните службеници, срамно ги навредуваат. Господине Технички, ти си тој кој треба да даде отчет и објаснување пред граѓаните, затоа што сте гласани 22 години, а не службениците, затоа си должен да дадеш отчет и објаснување пред нив за овој неуспех.

За оваа посета да биде уште поскандалозна, ТЕХНИЧКИОТ заборави дека обезбедувањето на средствата за работа на овие работници е обврска која треба да ја осигура Владата, со која раководи тој и неговата партија веќе 22 години. Господине технички премиер, мора да дадете отчет зошто цело Тетово и околината, со 6 околни општини, со над 200.000 жители, има само една канцеларија за издавање лични документи?!

Народот, господине ТЕХНИЧКИ, ќе ви даде одговор на следните избори, и тоа не само со вашето отстранување туку и со одговорноста што ќе ја дадете по 8 мај за уништување на секоја човечка вредност во оваа земја.

И за крај, вие како самопрогласен Ајнштајн вчера сте направиле законски прекршок, бидејќи да се појавите во државните институции без најава и да влезете со камера, е законски прекршок и злоупотреба на личните податоци на граѓаните“, рече Сејдиу.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ