сабота, 27 јули 2024

Техничкиот премиер како воено – полициски командант, денеска протестна прес-конференција пред Владата

Откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери влегол во СВР Тетово и со висок тон им се обраќал на вработените, oднесувајќи се како строг началник на полицијата, за денеска Независниот полициски секретар најави жестока реакција преку прес – конференција пред зградата на Владата.  Техничкиот премиер неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, наведува синдикатот.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Од полицискиот синдикат бараат политиката и политичките кампањи да се обавуваат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели.

„Бараме од министерот и од дополнителниот заменик министер, веднаш да застанат во одбрана на работниците, да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада“, велат од синдикатот во најавата за прес-конференцијата.

Техничкиот премиер Џафери со надмен и висок тон им се обраќаше на вработените кои беа собрани повеќемина во една просторија.

Во информацијата се вели дека Џафери ги запраша присутните колкумина работат во канцеларијата при што доби одговор дека станува збор за седуммина.

Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па ѝ нагласи:

„Дваесет години сум поминал во војска, 22 години бев во Собранието и знам што е барање и што е потреба. Каде ви е барањето на колегата дека му треба потврда?“, рече Џафери.

„Не ве разбирам“, рече културно службеничката.

„Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба финансиска потврда, а не му треба. Ни ти, ни тој не кажувате тоа што треба. Знаеш ли колку такви потврди сум потпишал во Собранието? Тој не треба тука да дојде, туку треба да поднесе таму каде што се поднесува, а потоа ќе го повикаш да дојде“, ѝ кажа техничкиот премиер на вработената отворено покажувајќи дека смета дека не му бил даден вистинит одговор.

И потоа тој се однесуваше како началник на полицијата па на лицето дојдено за некаква потврда му рече:

„Овде немаш работа. Дојдовте да пиете кафе. Кој не е тука веднаш нека си оди“,со висок тон техничкиот премиер рече Џафери, како да е уште ангажиран како воен команднат.

Инаку, потоа Џафери изјави дека како и што најавил, ќе продолжи со ненајавени посети на институциите за да провери како тие работат и се однесуваат кон граѓаните.

„Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма и луѓето чекаат да бидат информирани. Да бидат ​​организирани посебно. Да не бидат сите на едно место. Тие мора да бидат одвоени – тие што треба да ги поднесат барањата да бидат на едно место, а оние што треба да ги примаат готовите документи да бидат на друго место. Не смее да биде вака, да има гужви. Мора да се комуницира со граѓаните“, рече тој.

Потоа Џафери рече дека нема надлежност самиот да бара одговорност од вработените во СВР Тетово, туку ќе побара од министрите и замениците министри кои, како што рече, се надлежни за нивната работа.

Инаку, техничкиот премиер Панче Тошковски многупати изјави дека токму техничкиот премиер не му дозволува да постави нов началник единствено во СВР Тетеово иако според Законот за влада го има тоа право и рече дека за тоа веќе информирал повеќемина западни амбасадори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ