четврток, 26 декември 2024

Две панди ќе грицкаат бамбус среде француски замок (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Првите џиновски панди во Франција по повеќе од една деценија среќни си грицкаат бамбус во својот нов дом.
Јуан Зи, момче, и Хуан Хуан, девојче, пристигнаа во Сен Ањан на 10-годишен заем од Кина. Во вторникот загрозените животни беа однесени во Зоо-паркот Де Бовал, кој се наоѓа во замокот во Лоар Вали.
Повеќе од 1.000 локални жители чекаа пред портите на Зоо-градината, надевајќи се дека ќе успеат да ги ѕирнат ѕверките.
Косопственичката на паркот Дефин Делор изјави дека тие „тука ќе живеат живот на ѕвезди“.
Нивната главна мисија е, сепак, да се размножат. „Тоа што ни треба се нивни дечиња“, изјави Делор.
Пандите во Франција се најновиот пример на кинеската „панда-дипломатија“, насочена кон градење пријателства и влијание во странски земји. Минатиот месец две кинески панди го имаа своето деби во шкотската Зоо-градина во Единбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ