среда, 29 јануари 2025

Три кривични пријави за десет напаѓачи на полицајци во Кочани, Штип и Скопје

Полицијата од Кочани и Штип во два засебни случаи денеска поднесе две кривични пријави за напад на полицајци.

Објавено на

часот

Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

„На 21 декември 2024 година во просториите на ОВР Кочани, пријавениот во два наврати, физички нападнал двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, информираше МВР.

А, СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д. и Н.Р., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

„На 11 ноември 2024 година во просториите на Основниот суд Штип, првопријавениот упатил закани кон полициски службеник од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Штип, а подоцна во дворот на судот, пријавените упатиле закани кон двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, соопшти штипската полиција.

Вчера вечер пак, во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б., Џ.Ш., Ф.Џ., А.М., А.И., М.И. и И.Ф., сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале и упатувале закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ