Во првиот случај на 12 февруари 2025 година на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, пријавениот С.Б. им се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Во вториот случај надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. од кривопаланечко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
„На 6. февруари 2025 година во семејната куќа во селото, пријавениот физички ги нападнал неговата 14 – годишна ќерка и неговата сопруга, по што со нож им упатил закани и оштетил дел од покуќнината…“, информираше МВР.