петок, 25 октомври 2024

Двајца неготинчани криумчареле мигранти, полицијата им поднесе кривични пријави

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, во акцијата спроведена во координација со јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК), во содејство со Одделот за специјални полициски операции, по претходна соработка со Регионалниот центар за гранични работи Југ, од слобода бил лишен М.Б., додека за Ј.К., кој во моментот не бил затекнат, распишана е потерница за негово пронаоѓање, а против двајцата е поднесена кривична пријава.

„Имено, Ј.К. и М.Б., со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, кривичното дело го сториле организирајќи нелегално пренесување на лица илегални мигранти од територијата на Грција на територијата на Македонија, кои потоа од страна на други лица се прифаќале и превезувале кон липковско-кумановскиот регион и понатаму се криумчареле кон Србија и земјите на ЕУ“, посочуваат од МВР.

Двајцата, се наведува понатаму, првично обезбедувале возила за превезување на илегалните мигранти, потоа со возачи го договарале начинот на комуникација, како и локацијата на прифаќање, рутата на превезување и засолнување на илегалните мигранти во кумановско-липковскиот регион.

„Така, на 18 јуни 2022, кога се откриени 26 илегални мигранти од Сирија во товарно возило управувано од Д.С.(21) и совозач М.И.(38), двајцата од Велес, на кои од страна на Регионалниот центар за гранични работи Југ на 19 јуни 2022 година веќе им е поднесена кривична пријава, Ј.К и М.Б., откако го организирале криумчарењето на мигранти, ги известувале возачите кои ги превезувале мигрантите за полициските патроли и евентуална промена на рутата доколку бидат забележани од страна на полициските патроли, бидејќи биле во улога на таканаречени ‘чистачи’ за време на криумчарењето на мигрантите“, пишува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ