СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешка кражба, против Ѓ.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и помагање и против Р.М.(43) од село Сарај поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за прикривање.
На 17/18.03.2023 од стан на П.Т.(45) од Тетово, малолетниците одзеле ловечка пушка – чешка зброевка со калибар 12 мм; ловечки карабин црвена застава калибар 8 мм и пиштол црвена застава калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг. Откако го одзеле оружјето му го предале на третопријавениот, кој пак му го продал пиштолот на четвртопријавениот, додека ловечката пушка и карабинот ги сокрил во нива на место викано Балтепе, тетовско, која ја имал закупено.
Исто така, на 02.08.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај четвртопријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка и пет куршуми, кои ги поседувал без дозвола“, информираат од МВР.