петок, 24 јануари 2025
Малку фалеше да се фатат за гуша

Двајца играчи на Арсенал влегоа во жестока расправија, Артета порача: Ми се допадна тоа што го видов (ВИДЕО)

Тренерот на Арсенал, Микел Артета нема што да им замери на Бен Вајт и Александар Зинченко откако двајцата влегоа во жестока расправија по победата над Нотингем Форест и малку фалеше да се фатат за гуша.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал стигна до три бода на гостувањето кај Нотингем Форест, се чинеше дека „топчиите“ имаат се под контрола откако поведоа со 0-2 со головите на Жесус и Сака, но завршницата беше нервозна откако Авонији искористи една грешка и намали на 1-2.

По последниот свиреж на судијата, Бен Вајт и Александар Зинченко влегоа во жестока дискусија, малку фалеше да се фатат за гуша и мораа да бидат разделени од останатите.

Микел Артета беше запрашан што се случувало а стратегот рече: „Не беа задоволни што примивме гол, и јас го охрабрувам и промовирам ова, секако се додека се прави на правиот начин и со почит. Секако, емоциите се високи по крајот на натпреварот, но ми се допадна ова“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ