недела, 20 октомври 2024
СВР Битола во акција

Двајца битолчани во мугрите возеле со речиси 3 промили алкохол иако не можеле на нозе да стојат

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека во текот на изминатата вечер, во периодот од 23 до 5 часот, на територија на град Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

„При контролата санкционирани се 17 алкохолизирани возачи, кои се веднаш исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот“, се вели во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ