Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили пасат и опел.
На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило опел е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.
Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.