Како што информира СВР Велес, сообраќајна несреќа се случила меѓу товарно возило волво со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Д.Н. од кавадречкото село Ваташа и патничко возило фолксваген поло со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Х.У. од Косово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото фолксваген поло, додека со повреди се здобил неговиот сопатник 60- годишниот П.К. од село Долно Соње, Општина Сопиште, констатирани во Општата болница – Велес“, информира денеска портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска.
Ѓаковска додаде дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес.