Тие се враќале од американското првенство во уметничко лизгање што се одржа во Вичита (Канзас) од 20 до 26 јануари, пренесе ТАСС.
Според Вичита игл, авионот превезувал повеќе лизгачи и тренери што се враќале од првенството.
Претходно, извор за ТАСС рекол дека во урнатиот авион се наоѓале руските лизгачи Евгенија Шишкова и Вадим Наумов.
Според Си-ен-ен, во авионот биле „неколку члена“ на американската заедница за уметничко лизгање, соопшти американското раководно тело.
Американско уметничко лизгање, организацијата што го надгледува спортот на национално ниво, потврди дека „неколку члена“ на нејзината заедница биле во авионот на Американ ерлајнс што се судри со хеликоптер во градот Вашингтон во средата навечер.
„Овие спортисти, тренери и членови на семејството се враќаа дома од Кампот за национален развој што се одржа во врска со првенството на САД во уметничко лизгање во Вичита, Канзас“, се вели во дописот на организацијата до Си-ен-ен.
„Уништени сме од оваа неискажлива трагедија и ги носиме семејствата на жртвите во нашите срца. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе објавиме повеќе информации кога ќе станат достапни“.