„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот Партизански одреди во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот“, информираат од Републичкото јавно обвинителство.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.
Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина.
Исто така, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на снимки од видеонадзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.