среда, 12 март 2025

Два пожари, пронајдена дрога, нарушување на јавниот ред и мир, евидентирала тетовската полиција во последното деноноќие

Два пожари, пронајдена дрога, тепачки, евидентирала тетовската полиција во последното деноноќие

Објавено на

часот

Сподели

Денеска околу 2:30 часот на улица Живко Брајкоски, полициски службеници го привеле Т.Д. затоа што се однесувал агресивно кон нив додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Два часа подоцна на улица Кеј Вардар во Гостивар, полициски службеници го привеле Г.Ф. затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот и за него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера попладне пак, во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во плевна сопственост на Р.И. од село Желино.

„Нема повредени, а пожарот бил изгаснат од екипа  Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа од СВР Тетово“, информираа од тетовската полиција.

Вечерта, половина час пред полноќ било пријавено дека на паркинг на фирма на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај индустриската зона во село Желино, тетовско, настанал пожар на три паркирани товарни возила. Нема повредени лица, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

А вчера во 21 часот на локалниот пат од селото Нераште кон селото Радуша, полициски службеници од полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Н.А од село Доброште затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин.

„По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираа од СВР Тетово.

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ