Килијан Мбапе ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, нема да стави потпис на нова соработка и се очекува летоска да се пресели во Реал Мадрид.
„Кралевите“ не биле единствената опција, Ливерпул и Арсенал исто така опипале терен за можен трансфер.
Но како што пишува Индипендент, двата клуба го одбиле Французинот и се повлекле од зделката поради неговата огромна плата, ниту Ливерпул, ниту Арсенал не сакал да ја уништат сопствената структура за плати и да направат големо пореметување во соблекувалната.
Килијан Мбапе во ПСЖ има годишна бруто плата од околу 72 милиони евра, како и еден куп милионски бонуси и премии.
Во Реал Мадрид можеби нема да заработува толку многу, но ќе биде далеку најплатен фудбалер на „Бернабеу“.