Тимот на Дејвид Бекам има одличен старт на сезона со седум освоени бодови од три меча, а поранешните играчи на Барселона почнаа да ја покажуваат својата брилијантност.
Суарез уште во четвртата минута постигна гол за водство од 1-0, а веќе во 11. минута даде уште еден гол за 2-0.
Во 29. минута Суарез ја имаше улогата на асистент кога додаде за Тејлор кој погоди за 3-0. Уругваецот пред крајот на првиот дел ќе постигнеше и хет-трик, но погодокот му беше поништен поради офсајд.
Второто полувреме беше за Меси, Аргентинецот во 57. минута зголеми на 4-0, а пет минути подоцна даде уште еден гол за конечни 5-0, овој беше по асистенција од Суарез.