недела, 20 октомври 2024
Серија А

Два гола на Осимен, Наполи рутински против Фросиноне, Елмас одигра дваесетина минути (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Наполи рутински стигна до трите бода на отварањето на новата сезона во Серија А, избраниците на Гарсија триумфираа со 1-3 кај Фросиноне.

Домаќините први зададоа удар и поведоа со 1-0 во 7. минута, Аруи погоди од пенал за радост на Фросиноне.

Но до крајот на првиот дел Наполи направи пресврт. Политано од врвот на шеснаесетникот закачи еден волеј за 1-1 во 24. минута, а пред паузата, Осимен силно биеше под пречката за 1-2.

Нигериецот потоа ги реши сите дилеми во 79. минута откако доби топка во фор и рутински реализираше за 1-3.

Нашиот Елиф Елмас мечот го почна од клупата, шанса доби во второто полувреме и одигра дваесетина минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ