петок, 18 октомври 2024

Дурмиши: Ќе разговараме за 450 евра минимална плата, стојам на страна на работниците

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, останува на ставот да треба се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра. Во одговор на новинарско прашање пред денешната посета на занаетчиските дуќани во Старата скопска чаршија, министерот рече дека ќе разговара со сите засегнати страни.

Објавено на

часот

Сподели

„Да ги слушнеме сите засегнати страна и ќе разговараме за тоа. Ќе донесеме одлука која што ќе ги задоволи сите засегнати страни. Јас им кажав и на синдикатите, стојам на страна на работниците“, рече министерот.

Дополни дека имајќи ја предвид буџетската состојба на која наишле, интервенирале таму каде што било суштински.

Сојузот на синдикати на Македонија пред изборите побара во првите 100 дена на новата влада минималната плата да се покачи на 450 евра, нешто кое министерот го постави за приоритет во неговите првични изјави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ