Од МВР денеска соопштија дека од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 215 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.