среда, 12 февруари 2025

Дурант стана осми играч во НБА со 30.000 поени (ВИДЕО)

Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант влезе во клубот каде се само уште осум кошаркари, тој стигна до својот 30.000 поен во НБА кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Рекордната ноќ се случи на мечот меѓу Феникс и Мемфис кој го добија гостите со 119-112.

Дурант за да стигне до 30.000 поени одигра 1.101 натпревар што значи дека во кариерата досега просекот му е 27,2 поени по меч.

Покрај Дурант, 30.000 поени постигнале уште и Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлејн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ