Натпреварот почна шокантно за домашниот тим, по само неколку секунди игра голманот Емилијано Мартинез си постигна автогол за водство на Ливерпул од 1-0.
Десет минути подоцна Тилеманс изедначи на 1-1, а Гакпо во 23. минута го врати водството за гостите.
По три минути игра во вториот дел Квансах постигна гол и ја зголеми предноста на Ливерпул од 3-1.
Следуваа два поништени гола со помош на ВАР поради офсајд, првиот беше за Астон Вила, а вториот за Ливерпул.
Во 79. минута Дуран влезе на местото од Заниоло и тоа се покажа како клучен момент.
Дуран во 85. минута намали на 2-3, а само три минути подоцна даде уште еден гол за конечни 3-3.