четврток, 26 декември 2024

ДУИ: Во Советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Вреди

Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители.

Објавено на

часот

Сподели

За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити.

„Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи.

Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет.

Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава“, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ