сабота, 27 јули 2024

ДУИ: ВМРО- ДПМНЕ и Силјановска не се оградија од Русија

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува денешната најава на ВМРО- ДПМНЕ и Гордана Силјановска за камшикување на гласачите и избирачите во нашата земја. Уште пред да бидат дел од листата на кандидати за претседател, ВМРО- ДПМНЕ и Гордана Силјановска во излив на жална искреност најавија ‘вмровски камшици’ за сите кои што не размислуваат како нив, се вели во реакцијата на ДУИ на денешната конвенција за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Албанец премиер е реалност, а реалност ќе биде и изборот на претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадентерово мнозинство. 2/3 мнозинство обезбедува општествен, натпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието.

Додека Бадентеровото мнозинство обезбедува и етнички консензус за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии.

ВМРО- ДПМНЕ и губитничката, Гордана Силјановска и денес не се оградија од Русија и не се построија кон Европа.

Затоа, граѓаните треба да го концентрираат својот глас за најстабилната партија при што ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион“, се вели во реакцијата на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ