„Ова е уште еден неприфатлив случај на имплементација на налози за апсење измислени од Србија од страна на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, кои продолжуваат да работат без никаква верификација загрозувајќи ги правата и слободите на косовските граѓани. Уште позагрижувачки е прикривањето на овoј случај од јавноста повеќе од 10 часа, акција која само ги зголемува сомневањата за вистинските намери на овие мерки.
ДУИ беше и останува цврсто на својот став дека налозите за апсење издадени од Србија преку Интерпол не треба слепо да се спроведуваат.
Бараме итно и безусловно ослободување на Бајрами и ја повикуваме Владата на Северна Македонија итно да ја преиспита практиката на извршување на српските потерници. Не можеме да дозволиме нашата држава да стане алатка на политиките на Белград, на штета на Албанците“, соопшти ДУИ.