вторник, 4 февруари 2025

ДУИ на чествување на Гоце Делчев: Различностите не треба да бидат причина за поделби

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од Арбер Адеми денеска положи цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 4 Февруари, оддавајќи почит кон неговото историско дело и наследство. 

Објавено на

часот

Сподели

Визијата на Гоце Делчев, порача Арбер Адеми, остави траен белег и идејата на делчевизмот е идeологија која денес е понеопходна од кога било.

„Коегзистенцијата, меѓусебното почитување, културното заемно збогатување се темелите по кои треба да ја градиме нашата заедничка иднина, така што, различностите коишто ги имаме не треба да бидат причина за поделби, туку напротив треба да бидат извор за поттик, сила и перспектива“, изјави Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ