сабота, 27 јули 2024
Изјава на директорката на инспекторатот

ДСЗИ: Од понеделник децата со три дози вакцина против пертусис ќе бидат примени во градинките

Според насоките на Комисијата за заразни болести, децата кои имаат примено три дози на вакцина против макарешка кашлица и имаат закажано ревакцинација во наредните шест месеци од понеделник можат да се вратат во градинките, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска, објаснувајќи дека во текот на денот ја очекуваат и официјално потврдата од министерот за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Младеновска рече дека неделава се извршени околу сто инспекциски надзори во државните и во приватните градинки и дека е утврдено дека градинките соработуваат со здравствените власти и дека го почитуваат решението за непримање на невакцинирани деца.

„Немаме констатирано недостатоци, одговорните лица ги следат вакциналните статуси на децата и ги почитуваат мерките“, рече директорката.

Во однос на поразителната бројка – половина од децата во градинките во Скопје беа невакцинирани, а дека слична е состојбата и со невакцинирани деца против морбили, Младеновска одговори дека главниот проблем се покажа дека е во Скопје, а дека во другите градови од Македонија состојбите се многу пододбри.

Таа изрази надеж дека состојбите ќе се решаваат бидејќи, нагласи, не е во ред во 21 век да се враќаат стари заразни болести.

Директорката на ДЗСИ Рената Младеновска рече дека во нивна надлежност е да го повикаат родителот да го вакцинира детето, а доколку одбие, тогаш може да следува казна.

Вчера на прес-конеренција на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски рече дека состојбата со голема кашлица не е добра, а за тоа причината е поразителниот факт дека половина од децата во градинките не биле вакцинирани. Токму поради тоа во ризик сега се и учениците и возрасните, рече проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Националниот комитет за имунизација.

Не постојат потврди за времена спреченост за вакцинација, рече Петличковски и нагласи дека такви уверенија не смее да се издаваат ниту да се прифатат, зашто, како што нагласи, можат само да постојат уверенија за трајна спреченост кај деца со специфични здравствени проблеми.

Петличковски информира дека само во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица и над 200 во државата со очекување дека тој број ќе расте.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ