понеделник, 15 април 2024
Комисија за заразни болести

Петличковски: Состојбата со голема кашлица не е добра, во ризик се и возрасните, апелираме на вакцинација

Состојбата со голема кашлица не е добра, а за тоа причината е поразителниот факт дека половина од децата во градинките не биле вакцинирани, изјави претседатетелот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски. Токму поради тоа во ризик сега се и учениците и возрасните, рече проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Националниот комитет за имунизација. Петличковски додаде дека во регионот се разгорува „пожар“ од морбили и дека поради лошата вакцинална слика во земјава можно е во наредните денови комисијата да предложи и построги мерки.

Објавено на

часот

Сподели

Децата со завршена примо имунизација, односно три дози вакцина, задолжително ќе се ревакцинираат најрано по шест месеци, рече Грозданова и додаде дека трите вакцини примени во последните 6 месеци даваат оптимална заштита но дека не се сосема доволни за имунолошки одговор на организмот и апелира до родителите да ги имунизираат децата против заразните болести.

Доктор Петличковски објасни дека децата со три дози се враќаат во „колосек“, односно во градинките, зашто кај дел од нив можело да има и оправдани причини за доцнењето во вакциналниот календар во времето на ковид пандемијата или заради други здравствени причини.

Тој рече дека не може да каже кога Министерството за здравство ќе достави известување до градинките, но може да се очекува тоа да биде денеска или во следните денови.

„Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза“, рече д-р Петличковски.

Не постојат потврди за времена спреченост за вакцинација, додаде тој, и нагласи дека такви уверенија не смее да се издаваат ниту да се прифатат, зашто, како што нагласи, можат само да постојат уверенија за трајна спреченост кај деца со специфични здравствени проблеми.

Петличковски информира дека само во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица и над 200 во државата со очекување дека тој број ќе расте.

Грозданова детално објасни дека уште во периодот на јануари, Комитетот до вакциналните тимови официјално веќе испратил препорака, секое дете кое доаѓа да ја прими според хронолошката возраст онаа ревакцината што е на 18 месеци, бидејќи МРП најрано се прима на 13 месеци, да се искористи ревакцинацијата на ДиТеПер и заедно се прими и МРП.

„Официјален допис веќе има. Во ист ден можат да се примат двете вакцини и веќе имаме пракса во вакциналните тимови. Од јануари тоа го практикуваат во соработка со родителите да им се објасни дека не постои никаков проблем да се примат и двете вакцини во истиот ден“, појасни д-р Грозданова.

Според протоколот што го изработиле, како што додаде таа, редоследот на вакцината за ДиТеПер е два, четири и шест месеци, според редовниот календар.

„Во состојби кога имате прогласено епидемија од здравствен аспект, епидемиолошки имате можност тој размак од два месеци да го намалите на еден месец помеѓу дозите, што значи ќе имате 0, еден и два. Тоа значи дека циклусот за комплетната вакцинација може да се заврши во два месеци. Тоа го дозволува и самата вакцина и ние го донесовме според протоколот издаден од Комисијата за заразни болести како препорака со цел повторно да направиме позабрзан временски период за вакцинација на децата, одговори Грозданова на новинарско прашање.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ