Како што информира МВР, подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во село Јакимово. Таму биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.