среда, 16 октомври 2024

Дрога најдена во куќа во Штип, приведен е сопственикот

Во Штип доцна синоќа во 23:35 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основниот суд Штип, како што соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, Отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ