среда, 4 декември 2024

Дрога најдена при претрес во Гази Баба

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера извршиле претрес во домот на С.М.(30), на подрачјето на Гази Баба во Скопје, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот биле пронајдени прашкаста материја, три мобилни телефони и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. С.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ