недела, 22 декември 2024
Германската амбасадорка во посета на МВР

Дрекстер на Тошковски му укажа дека проблем имаат македонските државјани во Германија без нов пасош

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекстер денеска на средбата со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменикот министерот Назим Буши изразила загриженост затоа што голем број македонски државјани кои работат во Германија немаат пасош со новото уставно име на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата, амбасадорката Дрекслер изрази загриженост за големиот број македонски државјани кои не поседуваат нови патни исправи, а кои се на привремена работа во Германија. Оваа категорија луѓе доколку одлучат да се вратат назад со цел вадење нова патна исправа и доколку не успеат навремено да ја извадат заради техничката неможност во моментов, тие не би можеле да се вратат назад во СР Германија со старата патна исправа. За ова прашање, министерот Тошковски повторно истакна дека во моментов единственото решение е носењето на измените Законот за патни исправи“, се вели во соопштението на МВР.

Тошковски на средбата ги образложил преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи, ја образложил и потребата од итно носење на измени во Законот за патни исправи по примерот на оној со возачките дозволи во делот на запазување на техничките рокови со цел навремено спроведување на потребните процедури за набавка на патни исправи и секако почитување на меѓународното право и основното човеково право на слободата на движење.

Министерот Тошковски на амбасадорката ѝ се пожалил.

„Тошковски истакна дека неприфаќањето од страна на Владата во рамки на поставувањето на 15 раководни работници во министерството, да постави началник на СВР Тетово, останува црна дамка која се коси со неговата улога да гарантира фер и демократски безбеден процес во тој регион на надлежност“, се вели во сопопштениоето на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ