Сељими на Твитер прецизираше дека тие земји сакаат, поради ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово, да побараат суспензија на ИПА фондовите и визната либерализација за Косово, што го оцени како драстични и неприфатливи потези. Според него, сега Приштина треба да предложи конкретни решенија за тоа да се избегне.
„Најновите информации од случувањата во ЕУ: најмалку три земји членки на ЕУ (нема тука да ги именувам) разгледуваат да побараат суспендирање на ИПА фондовите и визната либерализација за Косово. Тоа се драстични, неприфатливи потези. Сега ни се потребни конкретни решенија на предлог на Косово“, напиша Сељими.