среда, 12 март 2025

Драма во Јадранското море, Ивица Костелиќ е спасен од давење во Црна Гора

Познатиот хрватски скијач, Ивица Костелиќ преживеал вистинска драма во Јадранското море која завршила со среќен крај благодарение на патролни чамци на црногорската морнарица која го спасила од давење.

Објавено на

часот

Сподели

Костелиќ и уште двајца Французи пловеле со кајаци во Јадранското море. Тие се спуштиле кон устието на реката Бојана на граница со Албанија кога силен јужен ветер ги однел на отворено море. Еден од Французите успеал да стигне до брегот во Албанија, додека Костелиќ и вториот Французин биле лоцирани со термовизиска камера од хеликоптер.

Хрватот се држел за својот кајак и бил во животозагрозувачка ситуација, но спасувачките служби реагирале навреме и успеале да ги извлечат двајцата.

Тие биле во добра здравствена состојба, но сепак како мерка на претпазливост биле предадени на екипата за Итна помош во Лука Бар каде што патролниот чамец пристингал околу 22.45 часот.

Костелиќ е поранешен светски шампион во слалом, а има и четири олимписки сребра. Познат е и како брат на Јаница Костелиќ.

Видео од спасувањето може да погледнете на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ