петок, 24 јануари 2025
Премиерлига

Драма на „Молињу“ со два доцни гола, Јунајтед во 97. минута ги однесе трите бода (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед победи на гостувањето кај Вулверхемптон во драматичен финиш, домаќините изедначија на 3-3 во 95. минута, гостиет ги однесоа трите бода со голот првенец на Коби Маино во 97. минута.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ за малку ќе направеа од готово-вересија на „Молињу“, водеа со 0-2 по дваесетина минути игра, а пред крајот на првиот дел постигнаа уште два гола, кој сепак беа поништени поради минимални офсајди.

Вулверхемптон некако успеа да се врати во игра во продолжението од мечот, најпрво намали на 1-2, па на 2-3 за Нето во 95. минута да реализира за 3-3 и огромна радост на домаќините.

И кога се чинеше дека Манчестер јунајтед ќе биде шокиран, Маино во 97. минута одлично се ослободи од двајца противници и прекрасно пласираше на подалечната статива за гол првенец во Премиерлигата и победа од 3-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ