петок, 18 октомври 2024

Драчево врие од улични кучиња, вчера искасани две деца, во Трубарево куче со сопственик касна жена

Објавено на

часот

Сподели

„Лајка“ деновиве има акција за стерилизација на улични кучиња, но од улица никој никако да ги тргне. Глутници кучиња има речиси во секој град, населба, улица… 

„Вчера во 10.30 часот во полициската станица Драчево, А.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Околу 15.00 часот во полициската станица Драчево, С.А.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, велат од МВР. 

Пријава за напад од куче има и во Полициската станица Гази Баба.

Л.С.(53) од Скопје пријавила дека во Трубарево, скопско, била касната од куче со сопственик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ