Како што информираат од ДПИ, денеска се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало.
„Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава. Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат одлуката“, велат од Државен пазарен инспекторат.
Со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки се врши ограничување на профитните маржи до 10 отсто на околу 70 основни прехранбени производи поради што се очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто.