Един Терзиќ ги одмори најважните играчи на Борусија Дортмунд, со втор тим го играше денешниот меч, а тоа му ја олесни работата на Мајнц.
Домаќините имаа фуриозни 11 минути во првото полувреме во кои ги постигнаа сите три гола, од 12. до 23. минута.
Најпрво погоди Бариеро, а потоа двапати прецизно стрелаше Ли Јае Сунг за триумф од 3-0.