Дончиќ имаше проблем со реализацијата, шутот не му одеше, но и покрај тоа дојде до добри бројки. Мечот го заврши со 19 поени, 15 скокови и 12 асистенции. Ова беше негов прв трипл-дабл во дресот на Лејкерс, а со тоа стана само четвртиот играч во историјата на НБА кој во првите пет натпревари за новиот тим забележал двоцифрен учинок во три статистички категории.
Тој имаше слаб шут, погоди само 6 од 17 обиди од поле и реализираше една тројка од седум шута. Сепак клучен за победата беше Леброн Џејмс кој постигна 27 поени од кои дури 14 беа во последната четвртина.
Најефикасен кај Далас беше Кајри Ирвинг со 35 поени, Клеј Тoмпсон даде 22.
Резултати:
Торонто – Бостон 101-111
Орландо – Кливленд 82-122
Хјустон – Милвоки 100-97
Мемфис – Феникс 151-148
Њу Орлеанс – Сан Антонио 109-103
Голден стејт – Шарлот 128-92
ЛА Лејкерс – Далас 107-99