Нова рекордна партија на Лука Дончиќ, која сепак не беше доволна за Далас да го изненади Бостон на отварањето на финалната серија.
Словенечкиот ас уфрли 30 поени и забележа 10 скока, со што стана првиот играч по Тим Данкан кој дебитирал во финале со дабл-дабл учинок.
Но Бостон со одлична тимска игра доминираше на мечот, на крајот славеше со убедливи 107-89 и поведе со 1-0.
Најдобар поединец во домашната екипа беше Браун со 22 поени, а во одлично светло се прикажа и Порзингис со 20 поени.