Лејкерс не само што победи, туку тоа го направи и на убедлив начин со триумф од 123-100 иако Денвер во овој меч влезе како голем фаворит со серија од девет победи по ред.
Лука Дончиќ беше најефикасен на натпреварот со 32 поени, имаше и 10 скока и 7 асистенции, просекот му беше 10/22 од игра, 4/9 за три и 8/8 од слободни фрлања.
Јокиќ запиша уште еден трипл дабл, имаше 12 поени, 13 скокови и 10 асистенции, но и шест загубени топки.
Дончиќ не беше единствениот кој се истакна на овој меч од тимот на Лејкерс, го пратеа и тројца соиграчи. Леброн Џејмс постигна 25 поени, Остин Ривс 23, а Руи Хачимура 21 поен. Најефикасен кај Денвер беше Арон Гордон со 24 поени, Мареј даде 19.
Резултати:
Чикаго – Феникс 117-121
Филаделфија – Бруклин 103-105
Денвер – ЛА Лејкерс 100-123
Јута – Хјустон 124-115
Портланд – Шарлот 141-88