Вчерашниот ден беше шокантен за сите, па и за Лука Дончиќ кој не очекувал дека ќе биде трејдуван во Лејкерс. Тој од 2018 играше за Далас, но никогаш не успеа да го освои шампионскиот прстен, минатата сезона беше најблиски до тоа.
„Пред седум години, дојдов тука како тинејџер за да си го остварам сонот да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам кариерата и сакав да го освојам прстенот. Љубовта и поддршката која ми ја дадовте се повеќе од тоа што можев да сонувам. За младо момче од Словенија, кое првпат дојде во САД, направивте сè за во Тексас да се чувствувам како дома“, објави Дончиќ.
View this post on Instagram