Нова спектакуларна пратија на Лука Дончиќ за втор брејк на Далас и водство од 2-0 во финалето на Западната конференција против Минесота.
Утрово, популарните „маверикс“ славеа со 108-109 со тројка на словенечкиот ас на три секунди пред крајот.
Кошот беше особено сладок за Лука Дончиќ, го постигна преку Руди Гобер, кој претходно имаше еден неспортски потег и намерно го удри противникот во стомак.
Лука Дончиќ мечот го заврши со трипл-дабл учинок, стигна до 32 поени а притоа имаше и 10 скокови и 13 асистенции, а го следеше Кајри Ирвинг со 20 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина